Пандемијата примора многу компании да се дигитализираат и да почнат со работа од дома. Како тоа ќе влијае на нивниот профит, времето ќе покаже, но она што со сигурност може да се каже е дека вработените кои работат од дома заработуваат повеќе отколку кога би патувале до работното место
Се повеќе работни места се врзани за работата на компјутер и Интернет, поради што има помала потреба за губење време на патување до канцеларија и назад. Тоа некогаш знае да одземе до два или повеќе часа дневно. Наместо во автомобил или во јавен превоз, тоа време може да се искористи за работа, а со тоа да профитираат и вработените и работодавачите.
Дел од луѓето така ги отвораат своите фирми и станот во кој живеат го претвораат во канцеларија, додека дел од луѓето се вработени во големи компании кои им дозволуваат работа од дома. Во некои случаи вработените целосно работат од дома и доаѓаат на работа само на состаноци, додека дел од компаниите на своите вработени им овозможуваат на пример еднаш неделно да не мора да патуваат до работа, туку да работат од дома.
Работењето од дома има бројни предности, но има и маани. На пример, можете да заштедите многу време и сами да го организирате своето време, но мора да бидете и многу дисциплинирани затоа што работењето од простор каде што живеете и спиете лесно може да ве „излаже“ и наместо на работа, времето да го потрошите на вообичаени домашни обврски.
Неодамна во САД е спроведено истражување за заработката на луѓето кои работат од дома и тие кои патуваат до работа. Се покажало дека работењето од дома е писплатливо, односно дека приходите на луѓето на кои станот им е и канцеларија и дом се поголеми од луѓето кои патуваат. Според вебсајтот Quartz, во САД пред две години повеќе од 5% од луѓето или околу 8 милиони вработени цело време работеле од ома, додека минатата година 43% повремено работеле од дома. Тоа може да биде еден час неделно или повеќе, но и поретко.
Просечната годишна заработка на луѓето кои работат од дома е поголема од 42.000 долари, додека луѓето кои патуваат до работа годишно заработуваат нешто повеќе од 38.000 долари. Интересно е тоа што истражувањето пред две години спроведено на Принстон покажало дека луѓето се подготвени да прифатат помали примања за да можат да работат од дома. На пример, тие просечно би прифатиле помала плата за 8%.
Причините за разликите во примањата е видот на работата која се врши. На пример, програмерите, кои се добро платени, без проблем можат да работат од дома, додека луѓето кои работат во продавници, фабрики и во слични индустрии имаат помали приходи и мора да патуваат до работа.
Исто така, битное и образованието затоа што едно годинашно истражување исто така спроведено во САД покажа дека меѓу вработените постари од 25 години од дома работат оние со повисоко образование, односно луѓето кои завршиле факултет.