Како ноќна работа според Законот за работни односи се смета работењето во периoдот помеѓу 22:00 и 06:00 часот наредниот ден.
Според член 128 работниците кои работат ноќно време ги имаат следниве права:
1. Работникот кој работи ноќе барем 3 часа од својата редовна дневна работна обврска, односно работникот кој одработува ноќе третина од полното работно време од својата годишна обврска, има право на посебна заштита за ноќна работа.
2. Ако на работникот заради ноќна работа според мислење на лекарската комисија заради таквото работење би можела да му се влоши здравствената состојба, работодавачот е должен да го ангажира на соодветна работа дење.
3. Работодавачот, на негов трошок е должен на работниците кои работат ноќно време да им обезбеди:
- подолг одмор
- соодветна храна
- стручно раководство на работниот, односно производниот процес
- лекарски прегледи, пред нивно анагажирање во ноќна работа и во редовни временски периоди утврдени со закон
4. Ако работата се врши во смени, работодавачот е должен да обезбеди периодично менување на работниците.
5. Работодавачот не смее да го распореди на ноќна работа работникот на кој нема да му обезбеди услови за превоз од и до работа.
Доколку работникот работи на позиција каде постојат поголеми опасности од повреди или здравствени оштетувања, работното време не смее да трае повеќе од 8 часа дневно.