SPAR Хрватска нуди бројни можности за вработување и кариерен развој
SPAR Хрватска е еден од водечките ланци на малопродажба во Хрватска. Првата SPAR продавница e отворена во 2005 година, а денес има 114 продавници во 39 градови, од кои 93 се SPAR супермаркети и 21 INTERSPAR хипермаркет. Најголем дел од нив се лоцирани во Загреб. Во моментот SPAR има вработено 4.600 вработени и е трет по големина малопродажен ланец во Хрватска.
Продажната мрежа на SPAR и INTERSPAR континуирано расте, со цел да станат достапни на што поголем број клиенти, со што се зголемува и потребата за нови вработени.
SPAR Хрватска е стабилна компанија која постојано инвестира во развојот на своите вработени. Покрај редовните примања им нуди и бројни можности за развој на нивната кариера.
Давор Кујадин, роден во Осијек, е дел од тимот на SPAR од 2007 година. Преку континуирана работа, учење и стекнување на богато искуство, тој напредувал во Раководител на филијалата INTERSPAR во Пула, каде што се преселил со целото свое семејство. Неговата кариерна патека не завршува тука. Давор денес работи на позицијата Регионален менаџер за продажба.
Неговиот колега Дарко Рабљеновиќ почнал да работи за SPAR за време на подготовките на отворањето на третата филијала INTERSPAR во Сисак, а денес е Менаџер на продажба на непрехранбениот асортиман на супермаркетите. За време на 12-годишната кариера во SPAR, тој работел во шест различни маркети на различни функции. Работел и како Раководител на непрехранбениот сектор во Сисак и Ретковец, заменик раководител на филијалата Garden Mall, раководител на филијалата King Cross, City Center one и Buzin во Загреб.
Дарко Рабљиновиќ - Менаџер за продажба на оддел непрехрана
SPAR Хрватска нуди огромни можности за напредок и личен развој, а како дел од своите бројни обуки и работилници, SPAR Хрватска им нуди на сите свои вработени можност да се преквалификуваат за професијата месар или пекар. Едукациите и обуките се одвиваат во текот на целата година, а SPAR Хрватска целосно ги покрива сите трошоци.
SPAR Хрватска има потреба од 60 ПРОДАВАЧИ - КАСИЕРИ со македонски пасош
- oбезбедено сместување и хранарина, искуство не е задолжително
АПЛИЦИРАЈТЕ