Во Австрија, за секоја година се изготвува список со дефицитарни професии за кои се потребни и странски работници.
Сојузниот министер за труд во соработка со министерот за економија ја презентираа листата со занимања кои ќе бидат најмногу побарувани во 2018 година на австрискиот пазар на труд.
Дефицитарни професии / заработка:
1. Градежен работник – 3.000 евра плата
2. Машински работник – 3.000 евра плата
3. Машински техничар со вишо образование – 3.000 евра плата
4. Техничар за технологија и енергетика со вишо образование – 4.400 евра плата
5. Металостругар, техничар за обработка на метал – 3.000 евра плата
6. Специјализиран инженер за електроника – 3.000 евра плата
7. Програмер, мрежен техничар, техничка поддршка – 3.000 евра плата
8. Земјоделски инженер, градежни машини – 2.500-2.800 евра плата
9. Дипломиран машински инженер – 2.800 евра плата
10. Дипломиран електро инженер – 3.000 евра плата
11. Техничар за прецизно бушење – 2.000 евра плата
12. Дипломиран ИТ инженер – 3.000 евра плата
13. Раководител на градилиште – 2.700 евра плата
14. Дипломиран градежен инженер – 3.500 евра плата
15. Заварувач – 1.500 евра плата
16. Инженер за инсталации – 3.500 евра плата
17. Електричар, електроинсталатер – 2.500 евра плата
18. Работник во конструкција – 2.700 евра плата
19. Монтер и сервисер – 2.500 евра плата
20. Бетонски конструктори, работници на поправки – 1.500-1.800 евра плата
21. Столари, монтажни градежни работници – 1.600 евра плата
22. Лимари – 1.800 евра плата
23. Работници за подни и ѕидни инсталации – 2.700 евра плата
24. Автомеханичар – 2.000-2.500 евра плата
25. Техничар за инсталации, монтажа и услуги – 2.500 евра плата
26. Дипломирана медицинска сестра – 1.600 евра плата
Сите кои својата префесија ја најдоа на оваа листа и кои се заинтересирани за работа во Австрија, следниот чекор што треба да го направат е да проверат дали за нивната професија е потребна нострификација на дипломата во Австрија. Тој податок може да го проверите на страницата http://www.berufsanerkennung.at/
Барањето за нострификација на универзитетската диплома се поднесува на австриски универзитет кој одговара на вашата диплома, односно во високообразовната институција или во централната служба на Министерството за наука во Австрија.
А КАКО ДО РАБОТНА ДОЗВОЛА?
Првиот чекор е работобарателот да докаже дека самостојно пронашол работа што му соодејствува на неговиот профил. Потоа, може да поднесете барање за издавање на Црвено-бела-црвена карта (Rot-Weiss-Rot Karte). Доколку барањето се поднесува во Австрија, тоа може да го направи и работодавачот. Доколку на барањето добиете позитивен одговор, работобарателот ја добива работната дозвола.
Црвено-бела-црвена карта важи 12 месеци и овозможува престој на определено време и вработување кај работодавачот што вас сака да ве вработи. По 1 година може да поднесете барање за слободен пристап на пазарот на труд. Тој што ќе се досели со оваа дозвола, не мора да докажува познавање на германски јазик.
Дали на некој ќе му биде дадена оваа дозвола зависи од степенот на образование, работното искуство, познавањето на јазикот, но и возраста.