Секоја информација во вашата кратка биографија треба да биде ориентирана кон работното место на кое аплицирате. Токму затоа, потребно е да обрнете големо внимание кога го подготвувате вашето CV.
Ана Рунјан го води сајтот Classy Career Girl кој е прогласен за еден од 35-те највлијателни инфлуенсерски веб страници во областа на човечките ресурси. Таа им помогна на милиони жени да пронајдат соодветна работа за себе, да се изборат за работното место што го сакаат или да започнат со бизнисот за кој сонуваат.
После години и години во таа индустрија, таа откри како треба да изгледа идеалната биографија со која ќе успеете да го освоите работодавачот уште на прво читање.
13 тајни за добра биографија
- Сè што ќе наведете во вашата кратка биографија треба да биде поврзано со работата за која аплицирате;
- Кратката биографија треба да биде на една или на максимум две страни;
- Вашата биографија мора да содржи најмалку пет клучни зборови од описот на работното место за кое аплицирате;
- Треба да изберете лесно читлив фонт со соодветна големина (идеална е 12);
- CV-то мора јасно да укаже дека ги исполнувате барем минималните квалификации;
- На врвот на кратката биографија треба да има “резиме“ што ќе даде до знаење ги исполнувате условите во огласот;
- Секоја точка од вашата биографија треба да започнува со позитивна реченица;
- Користете ги правилните времиња. Ако пишувате за вашата претходна работа, описот нека биде во минато време;
- Делот со работно искуство треба да содржи јасни резултати и достигнувања. Користете бројки колку што можете повеќе;
- Професионалната биографија треба да ја покаже додадената вредност која сте ја создале на секоја работна позиција;
- Полето за образование треба да содржи име на училиште / факултет и завршени курсеви и обуки поврзани со работата за која аплицирате;
- CV-то не смее да има правописни или граматички грешки; и
- Вашето CV треба да ја натера личноста која го чита да сака да дознае повеќе за вас. Додадете нешто уникатно и незаборавно за себеси.