1. УПР0101Б04000 Раководител на одделение за преговори и интеграции, Сектор за Европска Унија(1) извршител(и)
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки или факултет за европски студии
- најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор
Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни
- раководење и
- финансиско управување
Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- потврда за положен испит за административно управување
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 07:30 до 15:30
- Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 29.693,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Македонец(ка) 1.
Јавен оглас од Министерство за правда - Плата 29.693,00 денари
Vijest
-
Холанѓаните се натпреваруваат за поубава средина: Бетонските плочи ги заменуваат со зеленило!
Холанѓаните се добро познати по грижата за животната средина и природата, а тоа го докажува и натпреварот во кој секоја година жителите се натпреваруваат во озеленување на своите дворови.
-
Од оваа земја од соседството ќе се лета во Шангај: Првиот лет е на 11 јануари, ќе се лета директно и два пати неделно!
Ер Србија од 11 јануари годинава ќе започне директни летови меѓу Белград и Шангај, кои ќе бидат двапати неделно, соопшти денеска компанијата.
-
Оваа професија е една од најбараните во регионот
Магацинските работници во последно време станаа една од најбараните професии во регионот. Бројни големи фабрики и компании мака мачат да ги најдат овие работници, а заработката воопшто не е занемарлива.
-
ПЛАТА НАД 30.000 денари: Пекабеско вработува ДИСТРИБУТЕРИ НА ХРАНА
за реон Охрид и Скопје
-
Зимата предизвика откажување на 120 летови до и од аеродромот во Франкфурт
Неповолните зимски услови предизвикаа откажување на 120 летови до и од аеродромот во Франкфурт, од вкупно 1.090 планирани, информира ДПА.
-
Скијање на Маврово – Чекање за паркинг, ред пред билетара, колона возила за одење…
Се чека да најдеш паркинг. Откако ќе најдеш паркинг ти требаат најмалку 2-3 километри да испешачиш, со скијачки кондури и скии до билетарата. Тука нов шок – стотина луѓе чекаат за билет. Поминуваш во ред најмалку еден час.