Работниците на кои работодавачот не им исплатил плата и не им уплатил придонеси од плата 3 месеца последователно, имаат право да покренат иницијатива пред надлежен суд за престанок на работодавачот, стои во членот 67 од Законот за работни односи.
На работниците на кои, заради отворање на постапка за престанок на работодавачот, им престанува работниот однос во согласност со закон, им се обезбедува и право на исплата на:
1 – нето плати, придонеси од плата за пензинско и инвалидско осигурување и надоместоци за периодот од последните 3 месеца пред отворањето на постапката за престанок на работодавачот;
2 – обештетување за повредите при работа, коишто работникот ги претрпел кај работодавачот, како и за професионални заболувања;
3 – неисплатен надоместок на плата за времетраењето на неискористениот годишен одмор за тековната календарска година;