Гласањето за најдобар сајт за 2019 година е веќе во тек. Во овој период оние што сакаат да нè поддржат ќе можат тоа да го сторат давајќи го гласот за Vrabotuvanje.com во следните категории:
- Најдобар сајт за 2019 година,
- Најдобар сајт за е-трговија и огласи,
- Најдобар корпоративен сајт,
Посебно не радува што годинава за првпат е номиниран и web сајтот MojaPlata.mk, нашето истражување за плати кое го лансиравме годинава, а веќе е најголемо во Македонија. За Моја плата може да гласате во категоријата Најдобар сајт за Финансиски услуги, банкарство и осигурување.
Начинот на гласање е следниот:
Како посетител на веб страницата на Сајт на годината, треба да се пријавите преку вашиот мејл, по што на истиот ќе ви пристигне повратна порака со линк до листата за гласање. Од една мејл адреса, односно линк можете да гласате само еднаш.
Победниците ќе бидат објавени на 17.12.2019, при што ќе се поделат симболични награди и плакети на победниците од секоја категорија.
Mанифестацијата "Сајт на Годината" во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk се одржува по десетти пат оваа година.
КАКО СЕ ОДВИВА ГЛАСАЊЕТО И КАКО СЕ ИЗБИРААТ ПОБЕДНИЦИТЕ?
И оваа година покрај гласовите на жири комисијата во вкупните гласови ќе влезат и гласовите на интернет посетителите. Секој посетител на веб страницата на Сајт на Годината има можност да гласа за најдобрите сајтови преку веб апликацијата. Соодносот на финалните гласови е 60% на жири комисијата и 40% на гласовите од интернет посетителите.
Секој интернет посетител може да распредели 3 гласа во секоја категорија и тоа 10, 6 и 2 поени.
Вашето вработување е наша грижа и обврска, а Вашиот глас ќе ни биде поддршка!
Ви благодариме на поддршката и довербата!
Тимот на Vrabotuvanje.com