Способноста добро да се претставите себеси е особено важна на интервју за работа. Тоа е така бидејќи вашиот потенцијален работодавач не ги зема предвид само професионализмот и работното искуство, туку и вашето ниво на самодоверба, колку добро се изразувате и многу други работи.
Сепак, покрај овие вештини, постојат и неколку психолошки техники кои можат да ви помогнат побрзо и полесно да ја добиете работата од вашите соништа, пишува Bright side.
Првиот совет е да не закажувате интервју за работа во понеделник и петок. Ова е важно бидејќи понеделник за многумина е најтешкиот ден од неделата, додека во петок сите размислуваат за претстојниот викенд. Според психолозите, идеално време за интервју за работа е вторник од 10 до 15 часот.
Бојата на облеката може да има големо влијание врз тоа како ве гледаат другите. На пример, доколку носите син или кафеав костим значи дека сте сериозен кандидат. Од друга страна, портокаловата важи за боја која работодавците најмногу ја мразат.
Освен тоа, постојат зборови кои никогаш не треба да ги изговорите. Фразите како “јас сакам“ и “се двоумам“ во голема мера ги намалуваат шансите за добивање на работата. Ова посебно се однесува на работодавците кои се постари од 30-40 години, бидејќи помладите се помалку пребирливи кога станува збор за вокабуларот што се употребува.
Несоодветната насмевка исто така може да го расипе впечатокот. Работодавците вообичаено не сакаат луѓе кои имаат премногу широка насмевка. Се верува дека лицето кое се смее постојано е помалку сериозно.
Работодавците сакаат кога внимателно слушате. Затоа делувајте заинтересирано за тоа што ќе ви го кажат за време на интервјуто и не се плашете да запишете по некоја информација.
Фотографијата во CV треба да биде професионална. Верувајте дека вашата фотографија може да создаде добра слика за вас дали сте за работното место за кое се пријавувате или не.
Запомнете дека за време на интервјуто секоја мала работа е важна. Работодавците ве следат дури и додека чекате да започне интервјуто. Токму затоа, експертите не препорачуваат да зборувате на телефон или да пиете кафе.