![Ако сте заљубени во Лондон, кучиња и долги прошетки ова е вашата работа од соништата](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/a8/080e028a-resize-820x0x100.jpg)
Една компанија бара совршен кандидат кој ќе живее и ќе се грижи за куќа во лондонското предградие Кенсингтон, а воедно ќе внимава и на два златни ретривери.
Ако сте љубители на кучиња, прочитајте го ова – една британска компанија само што објави оглас за вашата работа од соништата.
Како што пишува Метро, компанијата бара совршен кандидат кој ќе живее и ќе се грижи за куќа во лондонското предградие Кенсингтон, а таму друштво ќе му прават и два златни ретривери.
Компанијата “Silver Svon“ бара личност која ќе работи на полно работно време, а нејзините задачи ќе бидат да води грижа за куќата и понекогаш да подготвува веганска храна.
Дневните задачи вклучуваат и грижа за домаќинството, кратка утринска и вечерна прошетка на кучињата, купување на намирници, пречек на гости и јавување на телефон.
Понекогаш, ќе треба да се пушти машина за перење или да се подготви храна за сопственикот кој е веган.
Сепак, примарната задача е грижата за двата златни ретривери Мајл и Оскар.
Платата за оваа работа од соништата изнесува од 38.500 до 41.000 долари годишно.