Пост Експрес е една од водечките компании за брзи пратки која во секое време ќе ви обезбеди брза, едноставна и навремена достава на секаков вид на пратки низ цела територија на Македонија.
Патот на вашите пратки и нивната навремена, точна и безбедна достава се обезбедени од тим од 80 професионалци, доставувачи, магационери, администратори...
Тимот континуирано се надоградува и расте, а тој раст е поддржан од HR секторот на компанијата, чиј приоритет секогаш се вработените и нивното задоволство. Нивната цел е да создадат сигурна мрежа за достава врз која ќе се темели пазарот на иднината, а свесни се дека најголем дел од оваа визија, зависи од вработените и нивните способности. За таа цел тимот на Пост Експрес постојано работи на градење на мост на доверба и соработка, кој им помага да се движат напред, како што тоа успешно го прават од 2015 година.
Компанијата ги следи иновациите во својата дејност, па како резултат на тоа од неодамна воведе и поштенски софтвер за следење на пратките во живо, кој овозможува следење на статусот на пратките онлајн.
Нивната визија не завршува тука. Синергијата која ја имаат во тимот е нивната движечка сила и мотив за да служат како пример за останатите компании од поштенските услуги. Но, тие служат како пример за целото општество.
Како општествено одговорна компанија, свесна за потребата за грижа за животната средина, Пост Експрес од минатата година почна да користи возила за достава кои работат на електричен погон. Овие возила нудат сериозни придобивки за заштита на животната средина, помала потрошувачка на енергија и намалена бучава.
Поради зголемен обем на работа, Пост Експрес го проширува својот тим. За таа цел објавуваме огласи за следните отворени позиции:
Магационер (линк за повеќе детали и аплицирање)
- со или без искуство
Доставувачи - Скопје (линк за повеќе детали и аплицирање)
- со или без искуство