Кога се подготвуваме за интервју за работа, низ главата ни се вртат секакви нешта на кои треба да обрнеме внимание, од вербалните и невербалните знаци кои ги испраќаме и примаме, до прашањата кои би можеле да ни ги постават и лошите ситуации во кои би можеле да се најдеме. Прекрасно би било кога секој би ја имал таа самодоверба со крената глава и широка насмевка да влезе низ вратата од канцеларијата и да каже сè за себе, но повеќето од нас се борат со анксиозност кога станува збор за интервју за работа.
Ова се најважните совети кои треба да ги знаете доколку се подготвувате за интервју.
Најчести невербални грешки кои се прават за време на интервју:
- 67% од интервјуираните не воспоставуваат добар контакт со очи
- 47% не знаат доволно за работата на компанијата
- 38% не се смеат
- 33% имаат лошо држење на телото
- 33% прават повторливи и кратки нервозни движења, како виткање на коленото и мрдање со ногата
- 26% слабо се ракуваат
- 21% играат со нивната коса или си го допираат лицето
- 21% стојат со прекрстени раце
- 9% премногу гестикулираат со рацете
Прв впечаток
Едно истражување во кое биле вклучени 2.000 менаџери, покажало дека 33% од нив знаат дали ќе го вработат кандидатот во првите 90 секунди.
Статистиката покажува дека првиот впечаток се формира од:
- 55% облеката, однесувањето и влегувањето низ врата
- 33% вашиот глас, употребата на точна граматика, самодовербата
- 7% зборовите кои одбирате да ги кажете
Работи кои влијаат на првиот впечаток:
- 70% од интервјуерите изјавиле дека не сакаат кандидатите за работа да се појават на интервјуто премногу дотерани и со преголем акцент на модата и најновите трендови
- 65% изјавиле дека меѓу два кандидати кои имаат речиси исти шанси, облеката може да биде одлучувачки фактор
Плус совет: премногу светла облека ви носи негативни поени.
10-те најчести грешки на интервју за работа:
1. Премногу објаснување зошто сте прекинале да работите на претходното работно место.
2. Какви било знаци кои покажуваат дека не сте го преболеле губењето на претходното работно место.
3. Немање хумор, недостаток на топлина и лично обележје.
4. Непокажување доволно интерес и ентузијазам.
5. Недоволно/неточно истражување и познавање на работата на потенцијалниот работодавач.
6. Ставање преголем акцент на себеси и вашите желби.
7. Обидот да се биде сè, да се припаѓа секаде, не кажувајќи ништо конкретно.
8. Зборувањето напамет, без претходна подготовка, и премногу импровизирање.
9. Неуспехот да се истакнете меѓу другите кандидати.
10. Непокажувањето силна желба дека ја сакате работата.
4 најчесто поставувани прашања:
1. Какво беше вашето искуство како…? (прашање поврзано со претходна работа/проект)
2. Зошто сакате да работите за нас?
3. Што знаете за нашата компанија?
4. Зошто го напуштивте вашето претходно работно место?
4 најважни совети за интервју:
1. Научете повеќе за компанијата каде сакате да работите.
2. Имајте на ум одредена позиција на која би сакале да бидете или функција која би сакале или би можеле да ја извршувате.
3. Проверете колку сте квалификувани за работното место.
4. Бидете подготвени накратко да кажете нешто за искуства во работа слична со онаа за која аплицирате.