Евидентирани сте како невработени лица? Аплицирајте на јавните огласи наменети за невработени лица кои ги објави АВРМ на својот веб сајт.
Доколку сте неработено лице кое има завршено најмалку средно образование и е заинтересирано да стекне знаење од областа на банкарството, аплицирајте на јавниот повик за обуки за побарувани занимања.
Уште една опција е јавниот повик за стекнување на напредни ИТ вештини на кои може да аплицираат сите невработени лица кои сакаат да стекнат знаење од областа на информатиката.
Сакате да ги подобрите своите вештини во MS Word, MS Excel, MS Power Point, MS Access или Internet и MS Outlook? Аплицирајте на јавниот повик за стекнување на општи вештини (јазици и компјутери).
Ако сте човек со визија за свој бизнис, мотив за “сам свој газда“, енергија да се борите со предизвиците, тогаш овој оглас е за вас. АВРМ дава неповратни од 5.000 до 10.000 евра за да основате свој бизнис. Повеќе за ова, прочитајте на веб страницата на АВРМ.
Повеќе информации за мерките кои се однесуваат на сите невработени лица може да пронајдете на следниот линк.