Постојат луѓе кои би можеле да ја работат истата рутинска работа до пензија, во истата канцеларија, во исто време... да се досадуваат и да се незадоволни, но сепак да го прават тоа.
Од друга страна, постојат и луѓе кои не се плашат да излезат од својата комфорт зона, да пробаат нешто ново, да се пронајдат во професија на која на прв поглед ретко кој би помислил. Таквите луѓе секојдневно совладуваат нови предизвици, учат нови техники, таквите луѓе се вредни работници. Таков е тимот на Солета.
Следејќи ги најновите трендови и иновации во својата индустрија, Солета изгради бренд препознатлив по својот квалитет, конзистентност и иновативност на македонскиот пазар, сето тоа благодарение на тимот професионалци кој се грижи секое парче месо кое ќе излезе од нивните месарници да е домашно и свежо.
Од неодамна Солета започна со развој на продажба на свежо месо од домашно потекло и веќе истото е застапено на три локации во малопродажните објекти во Кисела Вода - Рампа, Т.Ц. Лисиче и Карпош 2 (спроти Симпо).
Дел од тимот кој се грижи месото кое ќе го купите од овие продажни објекти да биде секогаш свежо се Христина и Марија, месари во Солета. Како храбри жени кои ја избрале оваа за многумина „машка“ професија ги прашавме за нивното искуство и како тие гледаат на тоа што го работат.
Христина Трпевска – Нина е месар со повеќегодишно искуство. Дел од тимот на Солета е 5 месеци. Ја прашавме како одлучила да се занимава со оваа професија и како е да се биде месар во Солета?
Христина: Мое мото е “еднаш касап-месар цел живот касап”. Два пати сум се откажала од свежо месо и пак се враќам назад. Не се одлучив само едноставно влетав и ја засакав таа работа. Да, тоа е несекојдневна работа за жени што го работат ова и се среќни и задоволни.
Да се биде касап во Солета според мене е голема борба. Затоа што разработуваме и се шириме, да влееш доверба во муштериите, да добиеш повратна информација дека е добро месото и добро си го услужил за да дојде пак. Тешко е ама не се откажуваме. Колегијалноста со колегите месари е на високо ниво, а исто така и со претпоставените во погон.
Дали жените – месари имаат исти работни задачи со колегите – мажи?
Христина: Слично, како мажите со исклучок на пандлерај, нив им е најтешко, на некои мажи им симнувам капа, а општо има некои што се послаби и од жените. Жена знае да продаде. Кога ќе кажам дека сум касап многу се зачудени ако не виделе што работиш, а пак тие што те гледаат “тешко на мажот ти”, баш така викаат....
Никогаш не би ја променила оваа професија, додека имам здравје и сила ќе работам до крај. Ова е чувствителна работа, што мнoгу не ја разбираат, но не ги обвинувам.
Христина има и совет до младите кои размислуваат да се бават со оваа професија:
Имам совет за младите, не дека нас нема кој да не замени еден ден, иако тоа е точно, но можат да се одлучат, предизвик е голем и треба многу љубов. Ти се полни душата кога ќе нахраниш семејство со убаво мевце, ја замислувам трпезата на луѓето како среќно и сплотено си ручаат - е тоа е тоа.
Марија Петрушевска има 24 години и веќе една година е дел од тимот на Солета, на позиција месар.
Ја прашавме Марија за нејзините почетоци во оваа професија и во Солета:
Марија: Денес месар е една од невообичаените професии за една жена. Одлуката да се занимавам со оваа работа не беше моја. Ми ја наметнаа околностите во претходната фирма во која работев и почнав да учам брзо за се околу месото, сечењето, деловите на полутката.
Почетоткот во Солета за мене беше голем предизвик, нови околности, нова средина. Сега после едногодишно, позитивно работно искуство во тимот на Солета можам да кажам дека купувачот секогаш знае што да одбере, а тоа секогаш е свежиот домашен производ.
Што значи да се биде жена – месар и како Марија се снаоѓа во оваа улога?
Разлика во работните задачи помеѓу мажите и жените во оваа професија скоро и да нема, не би можела да кажам кој подобро се снаоѓа, бидејќи сепак зависи од вештините на индивидуата.
Луѓето се секогаш зачудени кога ќе кажам што всушност работам. Мојот одговор на нивните реакции е дека секоја работа вреди да се проба, никогаш не се знае кој каде ќе се пронајде.
Засега не би ја менувала професијата, задоволна сум и мислам дека добро се снаоѓам во оваа улога, ова за мене е едно одлично искуство.
Мој совет до оние кои размислуваат да започнат кариера во оваа професија е да не губат време во размислување, да пробаат бидејќи вреди. Ова е еден вид занает, а од занаетот никогаш нема загуба.
Солета има потреба од ентузијасти во својата професија кои се расположени за заеднички развој и градење позиција на пазарот. За таа цел се отворени следните позиции:
-
ПРОДАВАЧ/КА НА МЕСАРА
пoчетна плата од 18.500 + додатоци + Регрес за годишен одмор (К15) -
МАГАЦИОНЕР/ФАКТУРАНТ
со минимум ССС
ПРОДАВАЧКА - со или без искуство
реон Тафталиџе и Ѓорче Петров
Сакаш да станеш дел од тимот на Солета?
СЛЕДИ ЈА КОМПАНИЈАТА