„Солета секогаш ги поттикнува своите вработени да ги прошируваат своите знаења за да можат да придонесат кон поквалитетна услуга. Доколку покажеме креативност и уметност во работата од помошници можеме да станеме и шефици на кујна, а оттаму, се зависи од нас самите. Нашата компанија и претпоставените се секогаш достапни и имаат големо разбирање за нас – вработените, независно дали станува збор за работа или за приватни работи.“
Дознаваме повеќе за тоа како е да се биде дел од тимот на Солета од Маја и Елена, помошници во кујна.
Маја Топузовска, повеќе од 3 години е дел од Солета. Ја прашавме за нејзиното искуство во Солета, за работните задачи на еден помошник во кујна, за можностите за напредување:
Одлучив да се приклучам на тимот на Солета затоа што е фирма со долгогодишно искуство, која секогаш се грижи за своите потрошувачи и секогаш ги има најсвежите производи. Работните задачи на еден помошник во кујна во Солета се подготовка на највкусните македонски јадења со секогаш свежи намирници, зачинети со многу љубов.
Нашата компанија секогаш ги поттикнува своите вработени да ги прошируваат своите знаења за да можат да придонесат кон поквалитетна услуга. Доколку покажеме креативност и уметност во работата од помошници можеме да станеме и шефици на кујна, а оттаму, се зависи од нас самите.
Вработените во Солета и нивните работнички права се секогаш на прво место. Компанијата се грижи за нашата безбедност, зачувување и одржување на квалитетот на услугата со тоа што редовно посетуваме обуки, ја потенцира колегијалноста и секогаш се грижи за позитивна работна атмосфера.
Тука сме сите еднакви, секој што знае го пренесува своето искуство на помалку искусните. Солета е работна средина полна со позитивна енергија и секој кој би сакал да биде дел од неа ќе ја почувствува.
Елена Величковска – е вработена во Солета 5 години и 6 месеци. Пораката на Елена е – „Аплицирајте за работа во Солета и бидете секогаш подготвени да научите нешто ново.“
Елена: Еден помошник во кујна има задача да прави припреми за подготовка на храна, салати, готвени јадења, печено месо и слично.
Можностите за напредување се големи, но најпрво треба да се вклопиш во тимот, да ги научиш принципите на работа, начинот на готвење и да стекнеш брзина и рутина.
Солета постои повеќе од 25 години и со задоволство може да се каже дека функционираме стабилно и најдобро во земјава.
Нашата компанија и претпоставените се секогаш достапни и имаат големо разбирање за нас – вработените, независно дали станува збор за работа или за приватни работи.
Редовната плата, платените придонеси, редовната исплата за празнично работење, како и редовното и во целост користење на годишен одмор е она што ме задржа на ова работно место.
Нашата работа не е воопшто тешка, доколку го сакаш готвењето. И оние без искуство лесно се вклопуваат во нашиот тим. Аплицирајте и бидете секогаш подготвени да научите нешто ново.
Во моментов Солета има потреба од ПОМОШНИЧКА ВО КУЈНА и ПРОДАВАЧ/КА (реон Ѓорче Петров и Тафталиџе)
Сакаш да станеш дел од тимот на Солета?
СЛЕДИ ЈА КОМПАНИЈАТА