Ако работникот при своето работење или во врска со работата се здобива со технички, производни или деловни знаење и деловни врски, може во договорот за вработување, работникот и работодавачот, да договорат забрана за вршење на конкурентско дејствување по престанувањето на работниот однос (конкурентска клаузула), стои во членот 37 од Законот за работни односи.
Конкурентската клаузула може да се договори најдолго за период од 2 години по престанувањето на договорот за вработување и тоа само во случаите кога на работникот му престанува договорот за вработување по негова волја или вина.
Ако конкурентската клаузула не е изразена во писмена форма, се смета дека не е договорена.
Во членот 39 стои дека работодавачот и работникот можат да се договорат за престанување на важноста на конкурентската клаузула.
Ако работникот го откаже договорот за вработување, бидејќи работодавачот ги крши одредбите на договорот за вработување, конкурентската клаузула престанува да важи, ако работникот во рок од 1 месец од денот на престанувањето на договорот за вработување, на работодавачот му предаде писмена изјава дека не го обврзува договорот.