Во Ниш, во пекара што има добар обрт, пекар може да заработи и до 1.000 евра месечно, вели Братислав Вукадиновиќ, претседател на Сојузот на пекари во Ниш.
Еден сопственик на локална пекара окрива дека неговите вработени земаат плата, но заработуваат екстра и од процент.
- 12 проценти од заработката по направена тепсија со бурек му припаѓа на работникот. На месечно ниво, тоа се околу 60, 70 илјади динари во зависност од прометот, кажува отворено сопственикот велејќи дека е приморан работниците да ги чува по секоја цена бидејќи во спротивно ќе заминат во странство.
Како што вели тој, во Ниш е потребно најмалку 6 месеци пракса за мајсторот да научи да подготви добра кора за бурек, додека Данило Радаковиќ – сопственик на најпопуларната бурекџилница во Панчево открива дека за тоа се доволни и три месеци.
- Тоа е тешка работа и дефинитивно треба добро да се плати. Денес нема добри и стручни мајстори, па затоа оние ретките кои ја знаат оваа работа можат да очекуваат оглеми плати и одлични услови за работа, вели Данило.
Инаку, во повеќето европски земји платата за бурекџија е за околу 200 евра повисока од таа во Србија.