Како што беше претходно најавено, поддршката за Windows 7 престана на 14 јануари 2020 година, а Microsoft веќе нема да нуди техничка поддршка или надградби на софтверот. Ова значи дека овој оперативен систем ќе стане безбедносен ризик за корисниците бидејќи безбедносните ажурирања што ги елиминираат ранливостите повеќе нема да бидат достапни.
Најновите истражувања покажуваат дека повеќе од една третина (38%) од малите бизниси, како и скоро половина (47%) од средните и големите компании, сè уште користат Windows 7. Повеќе од една третина (38%) од приватните корисници сè уште користат Windows 7.
Причините за ова се, како што велат од компанијата „Kaspersky“ која спровела истражување, се дека користењето на стар софтвер не работи според најновите верзии на оперативниот систем, финансиски причини или навиките. Сепак, стар, неажуриран оперативен систем е голем сајбер-безбедносен ризик, а трошокот од инцидент може да биде значително поголем од цената за надградба.
За корисниците, оваа промена не значи дека тие веќе не можат да ја користат оваа платформа, туку дека Microsoft веќе нема да им нуди ажурирања и безбедносни мерки за евентуалните пропусти како и техничка поддршка. Windows 7 сè уште ќе работи на вашиот компјутер, но безбедноста е намалена.
Единствено решение е апдејт на понапредните верзии на Windows, од кои најновиот е Windows 10.