Претварањето на потенцијален во лојален клиент започнува со успешната продажба. Продавачот е тој кој го креира првиот впечаток и затоа мора да научи како да работи ефикасно и како ефективно да комуницира. Успешните продавачи знаат дека треба да постигнат специфични вештини за да креираат квалитетно искуство за клиентите.
Еве пет од најважните вештини и начини како можете да ги подобрите истите за да станете успешни продавачи:
Приоритизација
Иако сите продавачи се зафатени, некои од нив изгледаат стресни и неорганизирани, додека други успеваат да останат ладни во скоро секоја ситуација.
Тоа е поради тоа што втората група на продавачи знае да даде приоритет на задачите.
Приоритетизацијата им овозможува на продавачите да го одделат она што е навистина важно од нивните задачи, а не само да направат листа на активности.
Преговарање
Без разлика во која индустрија се и што продаваат, продавачите треба да знаат како да преговараат. Иако успешното преговарање бара да се разберат потребите на другата страна, исто така е корисно да користите точно дефинирани профили на личност за да ја разберете и индивидуата.
Уште на почетокот во процесот на продажба, дознајте кој е вашиот купувач. Пробајте да дознаете повеќе за нивната личност и прилагодете се според тоа. Дали се интровертна или екстровертна личност, дали се потпираат на интуиција или на размислување.
Невербална комуникација
Говорот на телото пренесува голем дел од пораката за време на продажниот разговор. Според тоа како продавачот се држи, може да пренесува вознемиреност и збунетост или да покаже доверба и сигурност во тоа што го зборува.
Научете да ги контролирате сигналите кои што ги испраќате. Отворете ги градите и исправете се, одете додека зборувате, задржете насмевка на лицето дури и кога работите се напнати.
Пишување
Не треба да бидат врвен писател, но треба да се претстават како компетентни во пишаните комуникации. Потенцијалните клиенти сигурно нема да му веруваат на некој што не може да пренесе една реченица која ќе ги разбере нивните потребите. Дури и печатните грешки можат да создадат перцепција за некомпетентност.
За разлика од некои вештини на оваа листа, вештините за пишување главно се градат преку индивидуална пракса. Редовно читајте и земајте го како пример пишувањето на авторите со професионален стил на кои се восхитувате. Фокусирајте се на создавање емотивна врска без употреба на суперлативи.
Достапност
Компаниите растат и паѓаат врз основа на искуството кое им го овозможуваат на клиентите. Продавачите мора да одговорат не само во однос на времето, туку и емоционално. Клиентите ќе одговорат позитивно на продавачите, а со тоа и на компанијата, доколку ставите акцент на брзината на одговор, флексибилноста во комуникациските канали, на емпатијата и позитивноста.
Одвојте ги процесите за продажба од процесите за услуги на клиентите, така што нема да ги оставите на подолго чекање за решавање на можни проблеми или да мораат повторно да ги објаснуваат нивните потреби пред да купат.