Регрес за годишен одмор работодавачот треба да им исплати на сите работници кои за него работеле најмалку шест месеци во календарската година, а ако не го стори тоа, може да добие парична или затворска казна.
Регресот за годишен одмор или К-15, и годинава им следува на вработените во приватните компании од стопанство. Вработените во јавните институции се уште немаат право на него бидејќи истиот не е пропишан со нивниот Колективен договор од 2010 година.
По се изгледа дека К-15 оваа година нема да има за вработените во јавниот сектор бидејќи и покрај напорите на гранскиот синдикат во рамките на ССМ веќе неколку години наназад да се издејствува нов закон за работни односи во кој оваа бенефиција ќе биде задолжителна и за вработените во јавниот сектор – тоа се уште не се случи.