![Кога може да очекуваме снег - Метеоролозите најавуваат промена на времето оваа недела](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/77/63f55277-resize-820x0x100.jpg)
Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Дневните температури ќе достигнат во Скопје 15 Целзиусови степени, Маврово 13, Охрид и Крива Паланка 13, Берово 16, Битола 15, Кавадарци 17, Дојран 18.
И утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со слаб до умерен ветер од југозападен правец и дневни температури од 9 до 18 степени.
Од среда ќе имаме промена на временските прилики, облачно со повремени врнежи од дожд и снег, на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег и дневни температури од 3 до 11 степени.