Не се брендирате како работодавач - Вашиот успех како компанија непосредно зависи од квалитетот и мотивираноста на вашиот тим вработени, покажете дека се грижите за нив
Алатките кои ги користите при промовирање на вашата фирма се многубројни. Производот и услугата претставуваат бренд – лого. Вашиот вебсајт е начинот на кој им пристапувате на клиентите.
Во модерното време брендот е највредната работа која може да ја има вашата фирма, а брендирањето е најважната дисциплина за развивање на производите и услугите. Брендот мора секојдневно да го развивате, унапредувате и да бидете сигурни дека не сте сториле ништо за да го оштетите.
Ова се најчестите грешки кои фирмите ги прават.
Брендирајте цена, услуга и квалитет
Во нашиов регион, посебно на Балканот трговците кои имаат обични продавници го базираат својот маркетинг на ниска цена. Точно е дека во ова време, на економски турбуленции, цената е најважниот елемент од маркетинг миксот, но тоа не е единствениот начин на делување. Ако тоа ви е единствента алатка, клиентите ќе го купат вашиот производ и кога ќе наидат на поефтин производ, вас ќе ве заборават.
Клучот е во создавање на бренд. Брендот се создава, бидете препознатливи и нудете услуги и производи кои ќе бидат единствени на пазарот.
Не го одржувате ветувањето
Ако во вашите реклами и огласи објавите одредена услуга или компетитивна предност, потрудете се да ја примените. Не ги изневерувајте вашите клиенти.
Пречесто ја менувате бренд кампањата
Вашиот план мора да биде јасен и конзистентен. Честото менување на плановите ќе ги донесе во конфузија вашите купувачи.
Компаниите во индустријата ги ребрендираат своите производи секој 5-6 години, фармацевтските компании секој 8-9 години, додека ИТ компании на 2-3 години, но тоа зависи од пазарот, глобалните трендови, глобализацијата и други фактори.
Не се брендирате како работодавач
Вашиот успех како компанија непосредно зависи од квалитетот и мотивираноста на вашиот тим вработени. Во борбата за кадри, квалитетните луѓе ќе дадат предност на компанија која се грижи за својот тим, која е стабилна и општествено одговорна. Не занемарувајте ги овие работи, ако ги правите - покажете ги, ако не, веднаш направете employer branding стратегија и фатете се за работа.
Идентични како конкуренцијата
Со идентична кампања како конкуренцијата нема да добиете значајна предност. Бидете оргинални.