Некои работи кои ги имате дома некогаш можат да ви помогнат во одржување на автомобилот. Затоа е добро да се обидете да ги искористите. Не морате да купувате специјализирани средства, а понекогаш не морате да менувате ни некои делови…
Кафето на пример ќе ви помогне да се ослободите од лошиот мирис во внатрешноста на возилото. Ставете сад со кафе во текот на ноќта во автомобилот и промената ќе ја почувствувате веќе наутро.
Ако мислите дека е време за смена на бришачите на шофершајбната односно ако не чисти добро обидете се да ја премачкате со алкохол. Ставете на фина крпа малку алкохол, па премачкајте ги бришачите. Ако при рака имате малку силиконски спреј нанесете и од него. Така метличките на бришалите ќе бидат поеластични и подобро ќе го бришат стаклото.
На крајот, пастата за заби е одлична за полирање на предните фарови. Повторно користете крпа и добро размачајте ја пастата по фаровите. Внимавајте, предните светла мора да бидат пластични за да има корист од ова чистење. Кога ја нанесувате пастата, со мека крпа добро пребришете ги светлата, сè до високиот сјај. На крајот фаровите ќе ви бидат максимално ефикасни.