Собирачи на овошје и зеленчук, дадилки, работници во угостителство... се само дел од професиите за кои постои реална побарувачка на сезонски работници во нашето соседство. За сезонска работа најчесто аплицираат студенти и невработени, но почесто на ваков чекор се одлучуваат и веќе вработени лица кои се наоѓаат во поодминати години.
За популарноста на сезонското собирање на овошје и зеленчук во соседна Србија говори фактот дека самите сопственици на различни посеви од година во година бараат се повеќе работници во земјата, но и надвор од неа.
Сопствениците и закупниците на овоштарници за собирање на малини, капини, јаболка и праски нудат дневници од 15 до 20 евра, а во средината на месец јули дневницата за собирање на боровници достигнува до 2.000 динари. Покрај тоа, за работниците е обезбедено сместување и храна.
КАКВА РАБОТА СЕ НУДИ И КОЛКУ СЕ ЗАРАБОТУВА
Работниците во земјоделскиот сектор се платени помалку. Така на пример, за собирање сено сезонските работници можат да заработат до 1.5 евро на час. За угостителските работници дневниците достигнуваат до 20 евра, а во зависност од нивната вештина може да се заработат бонуси и бакшиши. Освен тоа, локалните фармери вработуваат и луѓе кои привремено ќе внивамаат на овци, а платата за оваа работа изнесува 400 евра месечно со обезбедена храна и сместување.
Покрај овошјето, се собираат и домати, краставици и пиперки, а работниците за оваа работа се платени по собран килограм. За секои 3 килограми, се заработува по 1 евро.
За собирање малини во Финска плаќаат 200 евра на ден
ЦРНА ГОРА, ХРВАТСКА И ГРЦИЈА
Побарувачка за сезонски работници постои и во Црна Гора, но таму акцентот е ставен на професиите во угостителството. Најмногу се бараат готвачи, келнери и помошни работници. За македонските готвачи кои ќе успеат да заминат на сезонска работа во Црна Гора предвидени се плати до 1.200 евра. За келнерите и помошните работници платите се до 500 евра плус големи бакшиши. Ако се одлучите за работа на брод, секој месец ќе заработите по 1.000 евра.
Во Хрватска се бараат собарки, туристички водичи, готвачи и пица мајстори, дадилки, келнери и продавачи на сладолед. Најголема е платата за готвачите и пица мајсторите (1.400 евра), па потоа следат келнерите (1.000 евра), собарките (700 евра), туристичките водичи и продавачите на сладолед (600 евра) и дадилките (500 евра). Разликата помеѓу Хрватска и Црна Гора е тоа што поголемиот дел од работодавачите нема да ви обезбедам сместување и храна.
Сезонска работа во Хрватска: Почетна плата: 1.200 евра
Се попопуларна дестинација за младите од Македонија станува и Грција. Тука, како фотограф може да заработите дури 1.600 евра, а покрај фотографи примаат и продавачи во кожни продавници, спасувачи и бармени. Платите на продавачите во кожните продавници и спасувачите се движат околу 700 евра, а бармените заработуваат дури 45 евра на ден.
РАБОТА СО МАКЕДОНСКИ ПАСОШ И ВО ГЕРМАНИЈА
За тие што не се заинтересирани да работат на балканот, има компании кои нудат вработување во Германија. Платата достигнува до 2.000 евра, а отворени се повеќе слободни места. Погледнете го огласот овде.