Дали ви се случило на интервју за работа да се почувствувате непријатно бидејќи ви го поставија прашањето Зошто да ве вработиме токму вас?
Ова прашање на кое не постои точен и единствен одговор, може да ви создаде чувство на стрес и напнатост. Работодавачите добро знаат дека тоа ќе ве збуни и нема да успеете да оставите добар впечаток пред нив.
Целта на работодавачите не е да добијат одговор што ќе им ласка, туку да ги слушнат најкреативните и најспонтани одговори, бидејќи сакаат да регрутираат креативни, иновативни и искрени работници.
Иако кандидатите за работа, штом го добијат прашањето, прво би поцрвенеле од збунетост, не треба да почнат да ги набројуваат своите силни страни. Експертите во вакви ситуации советуваат да ги истакнете вашите знаења, претходно искуство или вештини поврзани со позицијата за којашто аплицираат. Во одговорот на прашањето може да се спомене и јасна стратегија за тоа како кандидатот би го нашол своето место во решавање на предизвиците на компанијата. Освен тоа, кандидатот би оставил и силен впечаток ако ги спомене и иновативните начини што ќе ѝ помогнат на компанијата да заштеди време и пари.
Некои експерти што спроведуваат интервјуа за работат сакаат од кандидатот да чујат дека тој аплицирал за неговата работа од соништата. Тие претпочитаат луѓе со страст, визија, желба за напредок и подготвеност да се справат со предизвиците.
Затоа, не се плашете од прашањата, следете ги разумот и срцето и ако аплицирате за својата работа од соништата, тогаш не го кријте тоа од работодавачите.