Научникот и професор Предраг Пале ја повикува Владата да ја разгледа економската мерка за која вели дека воопшто не се дискутира.
Мерката е едноставна и сериозна и вооедно ја покажува одговорноста на сите оние што своите плати ги добиваат од државниот буџет, вклучувајќи ги и универзитетските професори. Никој не сфаќа дека сме во ситуација каде буџетските плати доаѓаат од даноци што претприемачите мораат да ги исплатат на своите плати.
Хрватското општество се базира врз основа на малите бизниси. Многу од нив сега не можат или не смеат да работат. Нивниот профит, ако го имаат воопшто, е околу 3%. Еден месец неработење е 10% од нивниот приход. Бидејќи тие ретко имаат било какви залихи на пари, ова значи дека многумина ќе бидат во сериозна неволја, ако воопшто преживеат. Тежината на ова не можат да ја разберат оние кои добиваат сигурна плата од буџетот или од големите корпорации, вели Пале.
Проблемот што би сакал да го истакнам е дека Владата нуди одложени плаќања и кредити за да исплати плати што сега не можат ниту да ги заработат, ниту исплатат. Од друга страна, платата ќе им биде исплатена на сите што ја добиваат од буџетот, дури и во овој период кога претприемачите немаат од каде да ги платат своите вработени, па и себе самите. Единствениот логичен потег е да не им наплаќа на претприемачите кои сега не можат да придонесат со даноци или било какви услуги кои влегуваат во буџетот, смета Предраг.