![Важноста на личните документи продолжува додека трае вонредната состојба](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/59/bb151d95-resize-820x0x100.jpg)
Важноста на патните исправи, возачките дозволи и личните карти продолжува до завршување на вонредната состојба, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју на Канал 5 телевизија, информирајќи за првите уредби со законска сила на Владата донесени вечерва.
-Со посебна уредба со законска сила на Владата е суспендирано важењето на законот за јавни собири согласно вонредната состојба, за спречување на заразата од корона вирусот, истакна Чулев.
Со законска сила, информираше министерот, донесено е и продолжување на испитните рокови поврзани со полагање на возачки испити и функционирањето на автошколите.
На странските државјани кои се затекнати во државата, како што истакна Чулев, ќе им се продолжи престојот до завршување на вонредната состојба.