Епидемијата на коронавирусот поминува во Кина додека светот сега се соочува со него. Иако ниту една земја не е подготвена за пандемија од оваа големина, некои потези можат да спречат ширење на вирусот.
Еден начин е да имате интервју за работа преку интернет, од дома. Идејата за спроведување интервју за работа дома, е дел од стратегијата која има за цел да го спречи или барем да го забави ширењето на вирусот корона што ја предизвика глобалната пандемија. Овој потег дури ќе ја олесни комуникацијата помеѓу работодавачот и кандидатот бидејќи нема да има потреба од организирани состаноци и слично.
Бидејќи патувањето е ограничено, невозможно е присуство на состаноци и организирање на интервјуа за работа. Интернет разговорите ќе ви овозможат да ги надминете овие бариери и да функционирате побрзо за време на криза. Кога сево ова ќе заврши работници пак ќе ви требаат за непречено извршување на дејностите и побрзо враќање во колосек.
Додека трае оваа ситуација, комуникацијата ќе се спроведува преку апликации како што се Skype, Zoom и WhatsApp. Исклучително е важно кандидатите да се подготват за ваков вид интервју, затоа што, по совет на експерти, ова не е толку близу како интервју во живо.
Доколку сакате да знаете како најдобро да се подготвите за интервју преку камера прочитајте: Како да се подготвите за интервју на Скајп?