Просечната месечна нето плата исплатена по вработен во март годинава изнесува 23.694 денари и е за 5,6 процетни повисока во споредба со истиот месец лани.
Просечната бруто плата е 34.764 денари и во споредба со истиот месец во 2017 е повисока за 5,3 проценти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Рударство и вадење на камен за 19 отсто, Информации и комуникации 14,2 и Преработувачка индустрија 12,4 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Рударство и вадење на камен за 12,6 отсто, Финансиски дејности и дејности на осигурување 9,7 и Информации и комуникации за 8,8 отсто.