Зголемена побарувачка на вработени во маркетите и произвотствените погони на прехрамбената и хемиската индустрија
Магационери се помалку, дистрибутерите се убиваат од возење
Фармацевтите глава не можат да дигнат од побарувачка и работа
Интернетот се користи повеќе од било кога
Мобилните прегреваат, лаптопите крахираат.Компјутерите работат 24 часа.
Се фрлаат дрвја и камења заради отпуштањето од работа.А мерката гласи седете дома.
Илјадници нашиници се вратија дома. Некои отпуштени од тамошните работни места привремено, на сезонците договорот раскинат.Оние на крузерите одамна застанаа на копно.
Сите се вратија и ќе останат тука најмалку до октомври.
Бројот на невработени максимално зголемен.Понудата за побарувачка на работни места нагло ќе порасне после кризава. Конкуренцијата за работна сила се зголемува.Многумина своето работно место ќе си го бараат во земјава.
За тоа важна е лојалноста и колегијалноста во ова време.Многу се оние кои велат ке го тужам газдата ако ме избрка не му потпишувам договор ќе му пратам инспекција.И се е тоа во ред разбирлив е и револтот и одбивањето па и заканувањето. Ама нели поентата на целава ситација е човечноста?
Има разбрани газди и многу се такви подобро е да договорите и да се разберете.Смалената плата можеби во овој момент е единствениот начин за одржливост на бизнисот и вашето работно место .Што ако ви се исплати цела плата вам а колегата мора да биде отпуштен ?Што ако ви исплатат плата и утре ја затворат фирмата и останете на улица...
Покажувањето на лојалност кон компанијата значи дека во иднина вие ке имате предност.Не ја гледајте моменталната ситуација.Секој себе си се спасува.Гледајте напред колку и да изгледа не реално тоа. Борете се за вашето работно место.После кризата сите лесно сме заменливи.
Не заборавајте Кризава ќе помине.Образот останува.
Не е време да се мамиме.Газдите нека бидат реални и отворени со вработените, вработените нека бидат малку по толерантни со надредените. За јадење никој од нас нема да умре.За патувања сега е рано, конфорот на животот ни е сведен на минимум 4 ѕида и вести 24 часа-толку.
Ајде да се договориме.Доста се плукаме. Непријателот на сите ни е еден. Невидлив.