Министерството за правда подготвува измени на законот за прекршоци кој беше донесен во 2015 година. Од Министерството преку ЕНЕР велат дека актуелниот закон е со речиси идентични одредби како и законот од 2006 година, со одредени номотехнички промени.
Максималните казни за граѓаните ќе изнесуваат петстотини евра, а казните за фирмите во прекршочна постапка не смеат да бидат над 1000 евра.
Главната цел на оваа промена е да се спречи е да се спречат издавања на казни со десетици илјади евра за граѓаните.
„Прекршоците се многу високи, ги изрекуваат органи на управа без судска пресуда со што се удира врз џебот на граѓаните и нивниот стандард“, кажа Ана Павловска Данева.
Досега се полнеше буџетот, сега ќе има опомени.
„Голем бенефит за граѓаните и фирмите ќе има кратењето на жалбената постапка, а исто така со поднесувањето на жалба ќе се стопира и извршувањето на казната“, вели Данева.
Ваквото законско решение се очекува до јули да биде доставено до Валда, а веќе во септември да се најде пред пратениците.
извор: skopjeinfo.mk