ЈЗУ Здравствениот Дом Скопје на својот фејсбук профил се обрати до нивните корисници на здравствени услуги и ги информираше дека поради состојбата со корона вирусот вакциналните пунктови во сите поликлиники работат секој ден од 12 до 18 часот.
Нивното oфицијално соопштение гласеше:
Драги наши родители и најмали корисници на здравствени услуги, Ве информираме дека поради актуелната состојба со коронавирусот, вакциналните пунктови во сите наши поликлиники работат од 12 ч. до 18 часот.
Вакцинацијата се одвива непречено според календарот за имунизација.
Ви благодариме на разбирањето и чувајте се!
Објавата можете да ја погледнете на нивниот фејсбук профил.