Работејќи од својата домашна канцеларија, извршниот директор на Епл – Тим Кук – соопшти на Твитер дека компанијата обезбедила 10 милиони заштитни маски кои ќе ги донира во медицинските установи во САД.
Тоа е многу повеќе од бројката од 2 милиони за која се зборуваше минатата недела и 1 милион повеќе од тоа што го кажа Мајк Пенс за време на неговото обраќање од Белата Куќа.
Епл ќе обезбеди, набави и донира 10 милиони заштитни маски за медицинската заедница во САД. Овие луѓе го заслужуваат нашиот долг на благодарност за целата нивна работа во првите линии на фронтот, вели Кук во видеото.
Со ова, Епл им се приклучи на останатите технолошки компании кои донираа заштитни маски во услови на национален недостиг бидејќи COVID-19 опфаѓа се поголем дел од американското население.
Други компании како Форд ги трансформираа производните капацитети за да произведат дополнителни маски.