Белорускиот претседател Александр Лукашенко денес ја отфрли светската загриженост околу пандемијата на коронавирусот и го советуваше луѓето да продолжат да работат за да ја јакнат економијата.„Повеќе луѓе ќе умрат од невработеност и глад отколку од коронавирусот“, кажа Лукашенко на состанок во престолнината Минск.
„Најголемиот проблем е економијата“, предупреди белорускиот претседател. „Мораме да работиме и да избегаме од оваа криза“.
Светската економија е погодена од падот на трговијата бидејќи мерките за карантин ја примораа работната сила на домашна изолација.
Најблискиот белоруски сојузник Русија, за разлика од Минск, прогласи вонредна состојба и воведе мерки на карантин во отприлика половина руски региони.
Во Русија во минатите недела бројот на заразените порасна на 2.300, додека во Белорусија официјално има само 150 случаи.
Владата во Минск во понеделникот објави дека спровела околу 30.000 тестови. Самиот Лукашенко претходно загриженоста околу вирусот ја нарече „психоза“.