Соопштија дека денеска предвремено ги уплатиле сите давачки кон државата, како и бруто плата на вработените, сѐ со цел да излеземе во пресрет во оваа кризна ситуација.
Доброто на нашите вработени е поголема од неопходноста за профит и намалување на месечните буџети, длабоко свесни што значи кризата за секое семејство, ја информираме јавноста дека сите 1.700 вработени во Групацијата НОВОМАТИК (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) и 250 вработени во компанијата АПЕКС, воопшто не треба да се грижат за своите работни места, и ги уверуваме дека за тоа ќе се бориме додека трае оваа криза, информираа од НОВОМАТИК и АПЕКС МК.
Соопштија дека денеска предвремено ги уплатиле сите давачки кон државата, како и бруто плата на вработените, сѐ со цел да излеземе во пресрет во оваа кризна ситуација.
Во овие тешки времиња, бевме меѓу првите кои не се двоумеа да се одѕват на апелот на Владата. Казино Фламинго Хотел-Гевгелија го стави целосно на располагање на државата својот објект со сите свои ресурси, со 17 апартмани и 42 соби, од кои една за лица со посебни потреби, кој веќе се користи како место за изолација или карантин според сите највисоки епидемиолошки стандарди, донираше 2.000 кг. храна и понуди подготвување на 1500 оброци на ден. Веруваме дека со овој наш потег директно ѝ помагаме на државата во борбата со справувањето со тешките последици од кризата од пандемијата со вирусот Ковид-19, нагласија од Групација НОВОМАТИК и АПЕКС МК.