За 12 месеци ќе заработуваат 600 евра повеќе
Од 1 мај во Австрија стапи на сила новиот колективен договор со кој минималната месечната плата на вработените во угостителскиот сектор се зголемува на 1.510 евра месечно.
Според Берент Туш, претседател на синдикалниот огранок на туристичките работници Vida, истакнува дека од овој договор ќе имаат корист 110.000 вработени во секторите за хотелиерство и гастрономија.
Тоа значи дека вработените од оваа дејност ќе добиваат повисока годишна плата за дури 600 евра.
Зголемувањето на минималецот е значајна работа за нас, а особено за хотелиерството во Австрија. Поради малите плати многу потешко е да се дојде до квалитетни работници – вели Ана Павловиќ, која неколку години работи во еден хотел во Инзбрук.
ДОБРА ВЕСТ И ЗА РАБОТНИЦИ ОД БАЛКАНОТ
Во изминатите неколку години, поради дефицитот за угостителски работници на домашниот пазар, Австрија е приморана да увезе и странска работна сила, а потрагата по квалификувана работна сила многу често ги води кон работниците од Балканот.
Угостителите во Австрија се познати по тоа што нудат солидни услови, ја ценат прекувремената работа и работата на празници преку екстра дневници и саатници и испалаќаат 13-та и 14-та плата.
КАКО ДО РАБОТА ВО АВСТРИЈА?
Доколку сте подготвени да свртите нова страна во вашата кариера и барате интернационално искуство кое покрај добрата заработка ќе ви донесе и одлична плата, следете ја агенцијата West Connect која објавува огласи за вработување во Австрија.