Заедно со медицинските работници, тие се нашите херои во овие кризни времиња бидејќи се грижат храната и другите средства кои во моментов ни се неопходни да се најдат на рафтовите на маркетите и продавниците.
Да се биде возач во време на корона е вистински предизвик. Да се поминат 3, 4 или повеќе држави само за да се обезбедат сите неопходни средства кои секојдневно ги гледаме на рафтовите во маркетите и продавниците не е воопшто лесна работа.
Особено не сега кога повеќето граници се затворени, а протокот на продукти тече благодарение на дистрибутерите и возачите.
Барате работа како Возач? Аплицирајте на овие огласи:
Возач со Б категорија - НИМЕКС ДОО
Возачи - Друштво за мегународен и внатрешен превоз на стоки ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО Скопје
Возач / Дистрибутер - ФУД БАР ДОО
Возач на камион со E - категорија - МАКОШПЕД ТРАНС ДООЕЛ
Затоа, вреди да ги пофалиме и поддржиме овие наши херои кои со својата пожртвуваност и посветеност ни покажуваат какви треба сите да бидеме во една ваква ситуација – во вонредна одговорни!
Во групата СИТЕ МАКЕДОНСКИ ШОФЕРИ НА КАМИОНИ ВО СВЕТОТ започна иницијатива лично од луѓето кои возат камиони да се објават слики од возачите и камионите кои тие ги возат со цел да се преплави Facebook со позитивни коментари за оиее луѓе кои индиректно не обезбедуваат сите нас.
Vrabotuvanje.com ја поддржува оваа иницијатива!
#ВоВонреднаОДГОВОРНИ