![Успешно заврши државниот карантин за првите 160 македонски граѓани](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/74/8d38dc47-resize-820x0x100.jpg)
Владата информира дека на 4.04.2020 успешно завршил државниот карантин за 160 македонски граѓани, кои поминаа 14 дена во строги безбедносно – здравствени услови во хотелот Ибис во Скопје (Тафталиџе) и во депандансот во Демир Капија.
Граѓаните кои успешно го завршија државниот карантин немаат симптоми на вирусот КОВИД-19 и ќе поминат уште 14 дена во домашна изолација, согласно здравствените препораки на епидемиолозите.