Бројот на француски државјани чиишто работни места згаснаа преку ноќ поради корона кризата се искачи на 5 милиони, но државата е тука за колку-толку да ги ублажи последиците.
Франција стравува од можна рецесија, а пет милиони работници ги загубија своите работни места.
За земјата, ова би можело да биде најтешката рецесија од 1945 година.
Со цел да им се помогне на лицата кои останале без работа, француската влада донесе мерка со која сите лица кои останале невработени поради коронавирусот ќе добијат по 70 отсто од својата бруто плата.
Франција е петта најпогодена земја од новиот коронавирус со бројка на заразени која во секој момент ќе надмине 100 илјади.