По Австрија, и Данска планира да отвори дел од објектите кои беа привремено затворени поради пандемијата на Ковид 19.
Данска планира од 15 април да ги отвори дневните центри и основните училишта за ученици од прво до петто одделение доколку бројот на починати и заразени од коронавирусот остане стабилен, изјави данската премиерка Мете Фердериксен.
Таа соопшти пред новинарите дека таквата мерка веројатно ќе биде слична на “одење по јаже” и дека чекорите мора да се прават дел по дел.
Веројатно ќе биде како да одиме по јаже. Ако застанеме со движење, би можеле да паднеме, а истото може да се случи и ако се движиме многу брзо. Затоа, мора да одиме чекор по чекор, рече Фредериксен.
Данската премиерка упати и апел до Данците да се придржуваат кон препораките на Владата за одржување на социјалната дистанца и неопходната хигиена.
Во Данска досега беа пријавени 187 смртни случаи како последица од Ковид-19.