![НОВА ОПЦИЈА НА СКАЈП: Видео повици без регистрација од било кој уред](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/b5/8d79925b-resize-820x0x100.jpg)
Скајп ја додаде новата функција која се вика „Meet Now“ и ви овозможува да остварите видео повик со било кој без потреба да направите налог.
Бидејќи видео конференцијата стана единствен сигурен начин за компаниите да функционираат во епидемијата на Ковид-19, новата опција им ја олеснува комуникацијата на луѓето.
„Meet Now“ опцијата Скајп ја воведе токму кога неговиот ривал „Zoom“ се соочува со многу проблеми, со приватноста и со неочекуваниот голем број на корисници.
Новата функција нуди слични опции како снимање на состаноци, делење на екранот и заматување на позадината. Оваа функција може да се користи на било кој уред, дури и ако немате инсталирано Скајп апликација а линкот за состаноци не истекува, пишува сајтот „Digit“.