![Како да се издржи карантинот: ВИДЕО ПОРАКИ ОД ГРАЃАНИТЕ НА ВУХАН](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/50/66789d05-resize-820x0x100.jpg)
По 11 неделен строг карантин, Фухан ја крена рампата, а неговите жители упатуваат добронамерни лекции како сето тоа да се издржи
По 11 неделен строг карантин, Фухан ја крена рампата, а неговите жители упатуваат добронамерни лекции како сето тоа да се издржи. Многу нешто научивме од драконската изолација, велат тие и го охрабруваат остатокот од светот како да се избори за смртоносната пандемија.
-Се надевам дека луѓето можат многу да научат од Вухан, за да не мора толку да се жртвуваат и да направат помалку грешки. На сите ќе ни биде подобро кога светот ќе ја победи пандемијата, е една од видео пораките на жителите на Вухан.
-Карантинот не сакам да го опишам како лично жртвување, градот го направи најдоброто за да се избори со пандемијата. Секој што остана дома, придонесе.