Првичната најава на Српскиот претседател Александар Вучиќ за 100 евра помош на секој граѓанин на Србија кој наполнил 18 години, деновиве добива нов димензија. Тамошната бизнис заедница има нов предлог.Наместо пари да се донираат ваучери кои би се користеле за трошење во купување на српски домашни производи. Тука вбројувајки ги не само прехрамбените производи туку и на пример можности за престојување во домашни одмаралишта, а и можност со истите тие ваучери да се плаќаат сметките
Ова го предлагаат затоа што велат, само така парите навистина ќе се користат за поддршка на Српската економија во другиот случај ако се исплатат како парични средства на сметака никој не може да гарантира дека тие ке бидат употребени токму каква им е и првичната намена да и с е помогне на економијата што го предложил српскиот претседател.
Понуда која навистина звучи добро, можеби и нашите власти треба да размислат?