![ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ ГО ЧУВАТЕ МОБИЛНИОТ: Важно е да го знаете ОВА](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/8c/f87acdc8-resize-820x0x100.jpg)
Луѓето најчесто го чуваат мобилниот телефон во задниот џеб од панталоните, што е погрешно, зашто тие уреди и онака имаат екрани чувствителни на допир, но и на удари, па лесно може да се случи и нешто непланиран, да ви се скрши или да ви испадне и да го изгубите.
Исто така не се препорачува ниту да го држите предолго на кожата, оти самата негова површина содржи бактерии кои може да предизвикаат акни и други кожни болести.
Високите температури се штетни за електронските уреди. Не оставајте го телефонот во автомобилот или на плажа, изложен на сонце или некој друг извор на топлина. Слично и ако температурите се под нула – тогаш, пак, може да замрзне.
Не чувајте го телефонот ниту под перница. Покрај штетното зрачење, стручните лица тврдат дека и ненадејното и често светкање на екранот ноќе негативно влијае на лачењето мелатонин, како и на квалитетот на сонот.
press24.mk