1.579 јавувања за една недела во контакт центарот за економските мерки - Најчесто се поставуваат прашања за финансиска поддршка за компаниите, невработеност, кредитирање и дозволите за движење во полициски час
Еве дел од најчестите прашања и одговори
Прашање 13: Имав договор на неопределено време, меѓутоа поради целата ситуација, газдата ми даде отказ. Дали може да искористам некоја од мерките на Владата?
Одговор: Доколку имате престанок на работниот однос, може да користите паричен надоместок. Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос. Надоместокот се иплатува согласно годините за работен стаж. Подетални информации за правото на следниот линк: https://av.gov.mk/paricen-nadomestok.nspx
Прашање 14: Како невработено лице кое останав без работа поради коронакризата, кои права може да ги остварам.
Одговор: Паричен надоместок за граѓаните што останале без работа поради кризата, согласно работниот стаж, што се остварува преку Агенцијата за вработување https://koronavirus.gov.mk/merki/ekonomski-merki/merka-4
Парични надоместоци преку системот за социјална заштита, што се остварува преку надлежниот центар за социјална работа (гарантирана минимална помош, енергетски додаток и образовен додаток) https://koronavirus.gov.mk/merki/ekonomski-merki/merka-7
Исто така, доколку сметате дека ви се повредени, или прекршени работничките права, ве упатуваме да се обратите до Државниот инспекторат за труд. ПРИЈАВА од познат подносител (физичко лице) http://dit.gov.mk/?page_id=208 ПРИЈАВА од анонимен подносител http://dit.gov.mk/?page_id=202 poplaki@dit.gov.mk; 3296-310; 3116-110