Еве и во ова време на коронавирусот вие не можете да одите во супермаркет и да ги наполните торбите, не можете да одите на бензиска станица и да наполните бензин или да користите струја, телекомуникациски услуги и други производи без да платите.
Во интервју за Фактор.мк, Хари Костов, директорот на Комерцијална банка, вели дека банките не се хуманитарни организации и не може да даваат услуги без надомест, одговорајќи на критиките за неоткажување од наплата на каматата иако кредитите беше одобрено да се исплаќаат со повеќемесечно одложувања.
Во вакви услови дали банките не можат да покажат поголема солидарност во делот на каматите?
„Банките не се хуманитарни организации, па да даваат услуги без надомест, односно кредити без камати или пак да го подаруваат остварениот профит од своето работење. За тоа постои државата и нејзините институции кои се грижат за социјалниот елемент и потребите на населението. Еве и во ова време на коронавирусот вие не можете да одите во супермаркет и да ги наполните торбите, не можете да одите на бензиска станица и да наполните бензин или да користите струја, телекомуникациски услуги и други производи без да платите. Како што за овие производи мора да се плати цената, така и за искористените кредити од банките мора да се плати цената, а тоа е каматата. Со добиените пари од кредитите од банките, граѓаните можат да ги платат производите во супермаркетот, да купат бензин, струја, телекомуникациски услуги и затоа на банката ќе и ја платат нејзината цена, каматата. Јас не слушнав досега некој да предложи таква генијална идеа во наредните шест месеци да не плаќаме за нашите набавки во супермаркетите, да не плаќаме за бензин, струја, телекомуникациски услуги и друго, меѓутоа голем дел се согласуваат дека банките во наредните 6 месеца не требало да им пресметуваат камата на граѓаните за искористените и одложените кредити. А и во овие шест месеци банките ќе продолжат да им пресметуваат и исплатуваат камата на своите штедачи. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека приоритетот на банките не е да ги направат кредитокорисниците среќни со некои поволни и невозможни услови, туку пред се да гарантираат за сигурноста на депозитите, на штедните влогови на граѓаните во банките и за тоа на штедачите да им исплаќаат редовно соодветен надомест како камата на нивните влогови. Затоа што, ако штедачите ја немаат таквата доверба во банките за сигурноста на нивните влогови, а која толку макотрпно се трудевме да ја повратиме, ќе нема ниту над 4,5 милијарди евра заштеди на населението кои се користат како потенцијал на банките за кредитирање на населението, стопанството и државата“ смета Костов.
Никој не вели дека банките треба да бидат хуманитарни организации, туку да го направат максимумот во границите на своите можности како општествено одговорни компании при што нема да го загрозат своето работење, прашуваат од Фактор.
Банkите не можеа и нема да се откажат од пресметување на камата
Целиот текст ТУКА