ЈСП Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз дека и утре, петок (17.04.2020) јавниот превоз ќе сообраќа во две смени, од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот, но по неделен возен ред.
Во текот на утрешниот ден, ЈСП Скопје информира дека ќе работат две билетарници и еден центар за персонализација.
Од 7.30 до 14 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и во Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар, стои во соопштението на ЈСП Скопје.
ЈСП Скопје ги потсетува корисниците на јавниот превоз дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто трафики и маркети, дел од секундарната продажна мрежа на ЈСП Скопје
Согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана на движење на сите граѓани во период од 16 часот во петок, па до 5 часот во вторник (21.04.2020 год), јавниот превоз нема да функционира.
Во истиот период затворени ќе бидат сите билетарници и центри за персонализација на ЈСП Скопје.
Извор: ЈСП Скопје