Да се има големо срце може да биде подарок, но и проклетство. Вие сте љубезни со оние околу вас, особено со вашето семејство и пријателите. Позитивно размислувате и навистина уживате во животот. Но, има луѓе кои можат да го искористат вашето добро срце за свои злодела. За среќа, вашиот поглед кон животот и високата емоционална интелигенција го спречува тоа.
Според Psychology Today, луѓето со висока емоционална интелигенција се свесни за своите емоции и знаат да управуваат со нив. Контролата над емоциите е клучна за успешни и здрави релации со другите.
За жал, не е секој емоционално интелигентен. Во продолжение прочитајте ги знаците кои покажуваат дека имате високо развиена емоционална интелигенција и големо срце.
1. Не се плашите да ги искажете своите емоции
Кога чувствувате нешто во вашето срце, никогаш не го прикривате. Вие си дозволувате да се опуштите да му ја покажете на светот војната што се случува во вашата глава, раните на душата кои полека заздравуваат и болката во која се губите по неуспешната врска.
Луѓето ве предупредуваат дека сте премногу отворени, но сепак им дозволувате на сите да ги прочитаат зборовите кои произлегуваат од вас. Вие им овозможувате на луѓето да ве запознаат, да ги разберат вашите емоции и да се поврзат со вас на подлабоко ниво.
2. Имате кревко срце
Вашето срце не е подготвено да биде освоено од секого. Вие тоа им го дозволувате само на луѓето кои ги сакате и малкуте пријатели во кои верувате. Никогаш не се двоумите да го ставите срцето во нивните дланки, бидејќи сте уверени дека е на безбедно место.
Но, кога некој случајно ќе го испушти, целиот твој свет исчезнува. Повредени сте и тешко ви е да заздравите и продолжите понатаму. Тешко ви е да ги вратите скршените парчиња од срцето во целина.
3. Вие го цените искуството повеќе од материјалните нешта
Повеќе сте возбудени од можноста да искусите нови нешта отколку да стекнете нови материјални нешта. Знаете дека најдобрите чувства потекнуваат од добрите спомени, а не од од вашиот имот.
За вас, вредноста не е дефинирана со тоа колку пари има некој во џебот, туку колку искуство има во неговото срце. И секогаш ќе бидете некој кој избира да го исполни срцето на другиот со радост.
4. Вие се вљубувате во карактерот на личноста
Вие сте еден од оние луѓе кои веруваат дека физичките убавини исчезнуваат, но внатрешната убавина живее вечно. Вие не сте импресионирани од нечиј убав изглед.
Она што прави забрзување на работата на вашето срце е кога некој на нежен начин постапува со луѓето, кога зборовите кои ги кажува се искрени и личноста е посветена на своите страсти во животот.
5. Вие сте љубезни
Помагањето на другите луѓе ви дава чувство на исполнетост. Секогаш се обидувате да му го разубавите денот некому со вашата најслатка, најголема насмевка. Вие одвојувате време да се дружите со луѓето кои се чувствуваат осамено.
Вие им пренесувате на луѓето позитивна енергија и самодоверба кога ќе забележите дека минуваат низ тежок период. Сакате да им помогнете да се чувствуваат подобро затоа што знаете како е да ги надминувате проблемите во животот без поддршка од никого.
6. Се грижите за светот
Посакувате да бидете доволно моќни да направите промена. Посакувате да имате влијание да ги замолите луѓето да им помогнат на оние кои се во темнина во моментов. Посакувате да направите нешто затоа што ви е тешко да спиете мирно во текот на ноќта, знаејќи дека некои луѓе на оваа планета немаат удобни кревети за да ги одморат нивните уморни души.
7. Ја сакате уметноста
Вашето срце се стоплува секогаш кога наидувате на нешто што е креативно направено. Вие сте инспирирани и полни со енергија од уметниците кои имаат незапирлива страст за она што го прават. Имате чувство на припадност кога сте со нив затоа кај вас постои нешто што тие лесно можат да разберат и да се поврзат.
8. Сакате да се приврзувате кон места
Може да се заљубите во одредено место веднаш штом вашата нога стапне на него. Вие веќе ја чувствувате магијата во моментот кога го вдишувате воздухот што ве опкружува, веќе се чувствувате како дома дури и кога сè уште не сте распакувани.
Присуството во поинаква средина ве возбудува и ви помага да обновите сè што сте научиле во животот досега.
9. Вие сте емотивно осетливи
Понекогаш луѓето не сфаќаат како врз вас влијаат нивните зборови и постапки. Понекогаш забораваат дека вам ви е тешко да ги избришете сите спомени кои сте ги создавале заедно со нив.
Толку многу вложувате во врските со луѓето, така што кога ќе ве остават навистина ви е тешко да започнете самостојно сè од почеток. Тешко ви е да продолжите да живеете знаејќи дека тие не се повеќе дел од вашиот свет.
10. Ги забележувате најмалите детали
Пронаоѓате среќа во чувствата кои ви ги предизвикуваат доцните попладневни сончеви зраци на вашата кожа, кога ги гледате децата кои посегнуваат по раката на нивните родители, кога слушате како некој упатува нежни зборови кон својата вистинска љубов.
Забележувате ситни важни нешта што другите луѓе не успеваат да ги видат, тоа е така бидејќи вие сте тип на човек кој сака да направи пауза и да одвои време да вреднува сè околу себе. Светот не успева да ве изненади секогаш.