Граѓаните кои се погодени од корона кризата односно зимаат минимални плати, сметките за март, април и мај ќе ги плаќаат на рати и без камата, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.
-Исто така сакам да најавам дека во текот на следниот месец ќе почнат да пристигаат и порамнителните сметки на потрошувачите за топлинска енергија и тие ќе бидат намалени за најмалку 20 проценти што ќе претставува уште едно значително олеснување на граѓаните.
Во однос на комуналните претпријатија оставаме тие сами да одлучат имајќи предвид дека едно комунално претпријатие извршува повеќе дејности, како на пример Водовод Скопје испорачува фактура и за Комунална хигиена и за Паркови и зеленило итн., исто така и во другите градови во државата, така што во овој дел оставаме самите претпријатија да решат како ќе прават, но упатуваме апел до потрошувачите, особено овие сметки да се покриваат редовно, имајќи предвид дека трошоците за овие сметки реално се најмали во однос на останатите.