Американскиот претседател преку Твитер ги повика своите приврзеници да ги „ослободат“ државите со демократски гувернери. Тој дури смета дека сојузната држава Вирџинија е „под опсада“Некои од американските држави почнаа да размислуваат кога би можеле за започнат со ублажување на воведените рестриктивни мерки поради пандемијата на коронавирусот, додека претседателот Доналд Трамп смета дека одделни гувренери усвоиле престроги насоки.
Еден ден откако го изнесе планот за постепето заживување на економските активности, Трамп ги повика своите симпатизери да „ослободат“ три сојузни држави, чии гувернери се од Демократската партија.
Со тоа всушност тој охрабри протести против насоките граѓаните да останат дома за да се спречи ширењето на коронавирусот. „Ослободете ја Минесота! Ослободете го Мичиген! Ослободете ја Вирџинија!“ повика Трамп со низа објави на Твитер.Трамп на конференцијата за новинари рече дека мерките, кои ги донеле гувернерите на одделни држави, како што е Вирџинија, се преостри.
На прашањето дали во овие држави, меѓу кои се и Мичиген и Минесота, мерките треба да се укинат, Трамп одговори: „Не, но мислам оти елементите на мерките кои ги направија се претерани“. Тој рече и дека учесниците во протестите во некои држави се однесуваат одговорно, но дека кон нив се постапува „премногу остро“.
Izvor :DW